Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

-На 5 декември, во вечерните часови, тројцата осомничени заедно влегле во обложувалница на ул. “Индира Ганди” во Шуто Оризари и со употреба на сила и закана со пиштол кон вработената ги одзеле парите од дневниот промет – околу 82.000 денари и побегнале.

Осомничените, на возраст од 35, 36 и 33 години, се повеќекратни сторители на кривични дела, а едниот од нив во моментот на сторување на последното разбојништво бил во бегство, односно оддалечен од КПУ Идризово – Скопје каде издржувал затворска казна и не се вратил од користење погодност – домашно отсуство, соопштуваат од Обвинителството.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.