На 08.12.2023 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар– с.Градец, кај с.Врапчиште, патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Врапчиште, удрило во пешакот Н.П.(70) од с.Зубовце.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.П., констатирани во Општата болница Гостивар.

-Во врска со настанот, во 20.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.М.(44) и А.М.(40) од истото село, поради сомнение дека се обиделе да го прикријат возилото кое учествувало во сообраќајната несреќа, велат од полицијата.

Извори од полицијата велат дека станува збор за пријатели на А.М., а возилото со кое е прегазена жената не било регистрирано.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.