На граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница e приведен 42-годишен жител на Македонија при обид да ја мине границата со 16.950 евра.

Лицето А.С. патувало со возило мерцедес бенц и на втората контрола при влез на албанска територија му бил откриен непријавениот износ на пари. Тој претходно на прашањето дали има нешто да пријави одговорил не – пренесуваат албанските медиуми.

Парите биле скриени во возилото. Тие се запленети, а против А.С. е поднесена кривична пријава за „непријавување пари и вредни предмети на граница”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.