Вчера во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот.

Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.