Двајца малолетници биле нападнати завчера во автобус на ЈСП на подрачјето на Гази Баба.

Како што информираа од полицијата, нападот се случил во 14.10 часот, а за случајот приведени се две лица.

„Приведени се двајца малолетници од Скопје кои се сомничат дека со уште неколку други малолетници физички нападнале двајца други малолетници, исто така, од Скопје, при што оштетиле и стакло на автобусот“, објави МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.