Откако обвинителот Бурим Рустеми побара осудителна пресуда за случајот Топлик, излагање имаше адвокатот на одбраната Дончо Наков.
Тој истакна оти е јасно дека во овој случај нема побарување за штета кон државниот буџет.
Денеска на завршните зборови никој не пријави штета ни по висина. Државниот правобранител не побара. Не може обвинител да бара штета. Тој презеде улога на оштетен надвор од овластувањата- објасни Наков.
Адвокатот истакна дека обвинителот Рустеми нема право да биде застапник на ова обвинение само со полномошно што му го дал Државниот обвинител Јовески за предметите преземени од СЈО, туку само врз основа на закон кој не е донесен.
-Рустеми не е обвинител во Обвинителството за организиран криминал туку е обвинител од Куманово. Ова обвинение го застапува незаконски обвинител. Обвинителството знаело дека нема такви овластувања, но се согласило да го застапува ова обвинение – потенцираше Наков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.