На новогодишна прослава во ресторанот „Бастион“ во селото Владимирово полицаец од Пехчево му одгризал прст на командир, а Министерството за внатрешни работи се обидело да го скрие инцидентот, пишува порталот „МКД.мк“.
Како што пишува „МКД.мк“, В.Р., командир на полициската станица Пехчево, за малку ќе останел без прстот со кој во вербална расправија мавтал кон полицаецот Д.А. од селото Ратево, кој потоа силно го гризнал. Инцидентот се случил лани на 25 декември за време на новогодишна прослава на 35 полицајци од полициската станица во Пехчево, во ресторанот Бастион во село Владимирово.
По санирањето на повредата, ОВР Берово се обидело да го скрие инцидентот, за кој не била направена никаква официјална белешка.
На 8 јануари, повредениот командир преку својот адвокат побарал внатрешната контрола на МВР да го испита случајот, по што, пред два дена, била поведена и кривична постапка пред Основниот суд во Берово. Освен тоа, командирот покренал и граѓанска тужба за надомест на штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.