На 01.07.2023 околу 23,15 часот било пријавено дека во Кичево на крстосницата од ул.„Тане Цалески“ и бул. „Ослободување“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(19) од Кичево и мотоцикл „лингбен“ без регистарски ознаки, управуван од Р.Џ.(19) од Кичево.

Во несреќата сопатникот од моторциклот А.Б.(24) од с.Стрелци се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани од лекар во Медицински центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.