На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека 15 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, а 13 санкции за технички не исправни возила во јавниот превоз.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во соопштението од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.