МВР целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот Скендербег.
Напротив, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје.
За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации.
Во видеото во прилог точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент, велат од МВР.
Наспроти ова тврдење од МВР и скратената верзија на нивното видео во кое специјалните реагираат, на социјалните мрежи е објавено целото видео од инцидентите, на кое може да се видат неколку полициски службеници кои не реагираат додека насилниците фрлаат со предмети кон толпата, еден од нив напаѓа и со столица.
На видеото се слуша и пукањето, за кое МВР тврди дека било во воздух:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.