МВР излезе со детали за тешка сообраќајна несреќа се случила доцна синоќа на патот Дреново- Кавадарци, после која осумгодишно повредено детенце се јавило на 112 и да побарало помош за себе и својот татко.

На 02.09.2023 во 21.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат за с.Дреново, на место викано „Стара автобуска“, Б.Т.(58) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. и малолетен сопатник од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци – стои во билтенот на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.