Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.
Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи, соопштија од МВР за Прес 24.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.