МВР објави први детали за апсењето на ексградоначалникот В.Т., заедно со уште четири лица.

Вчера во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за денеска во 13 часот закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за „Скопје 2014“.

Ваквото дејствување доаѓа откако беше уапсен поранешен градоначалник В.Т. и В.З., екс функционер на општина Центар.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката, велат од Обвинителството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.