Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при сообраќајните контроли на територија на град Скопје изрече вкупно 251 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 130 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум мерки за користење мобилен телефон и шест санкции за управување под дејство на алкохол.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.