Во врска со кривично – правниот настан од 11 август на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Ова е и начин да ги демантираме пласираните лажните вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР, соопштија денеска од МВР.

МВР ги повикува граѓаните доколку го забележат ова лице или имаат било какви сознанија за него кои може да помогнат во истрагата што ја води СВР Тетово во координација со јавен обвинител, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.