Во Полициската станица Делчево вчера во 19.40 часот било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, М.В.(39) од Делчево, управувајќи мотоцикл „ктм“ со италијански национални ознаки, удрил во куче, по што паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.