Масовно се крадат катализатори од автомобилите во Скопје. Последни вакви случаи се регистрирани во скопската населба Аеродром, каде во една вечер биле украдени десетина катализатори на паркингот кај булеварот АСНОМ. Сопствениците дознаваат дека се ограбени кога ќе го стартуваат возилото и ќе слушнат ненормална бука од автомобилот.Потоа,наместо на работа завршуваат на автомеханичар каде и дознаваат за кражбата. Штетата изнесува и по неколку стотици евра во зависност од возилото. Катализаторот содржи благороден метал, па нејасно е дали крадците ги продаваат како суровина или пак како автодел на црниот пазар.

Катализаторот има функција да ја спречи штетната емисија на гасови кои ги испушта автомобилот, па возило кое работи без овој дел загадува многу повеќе. Дека нешто не е во ред со автомобилот се забележува бидејќи  од ауспухот излегува црн чад. Митревски вели, вакво возило не би требало да помине на технички за регистрација.

Катализатори се крадат и во другите градови. Полицијата успеала да сузбие неколку вакви групи, но освен алат за кражба, катализатори не се пронајдени.

Изминатите неколку години крадењето катализатори е тренд не само кај нас туку и во другите земји низ светот. Од нив се заработуваат илјадници евра. Родијумот како благороден  метал во моментов на берзата чини над 20 000 долари за унца, односно за 28 грама. За разлика од него, златото чини десет пати помалку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.