Малолетник е тешко повреден во сообраќајка која се случи вчера попладне.

Како што соопштија од МВР, во 18:30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Гостивар, мотоцикл „Јамаха“ без регистарски таблички, управуван од малолетник од село Сенокос, удрил во паркирано патничко моторно возило „цитроен ксара“ со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.