Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против наставник од село Броштица, општина Центар Жупа, кој физички нападнал ученик.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „малтретирање во вршење на службата“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(62) од селото Броштица, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој додаде дека С.М. на 17 месецов во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

Подрачното училиште во село Броштица функционира во рамки на Општинското основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ – Центар Жупа, а настава следат ученици од прво до деветто одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.