Тетовските полицајци вчера привеле малолетничка која претходно сакала со нож да ја нападне сопствената мајка но била спречена во намерата.

При приведувањето биле повикани претставници на стручни служби поради возраста на девојчето.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 16:30 часот, во присуство на социјален работник и адвокат за малолетници, лишиле од слобода малолетничка од Тетово, која претходно и се заканила и со остар предмет се обидела да ја нападне нејзината 42-годишна мајка од Тетово, но била спречена во намерата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Девојчето по приведувањето е задржано во полициска станица, а СВР Тетово најави дека за неа ќе поднесува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.