Безживотно машко тело е пронајдено во водите на Охридското Езеро кај комплексот „Свети Наум“.

СВР Охрид соопшти случајот бил пријавен во полиција вчера околу 10 часот.

Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција, стои во информацијата на полицијата.

Според соопштението, СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.