Македонски државјанин е уапсен во албанското пристаниште Драч, при обид да шверцува цигари.

Уапсено е лицето А.Ј. (44) жител од Македонија, откако при претрес на неговото возило службите на граничната полиција во пристаништето Драч пронашле и како материјален доказ одзеле голема количина кутии со цигари, за кои постои сомневање дека се шверцувани, стои во полициското соопштение.

Од полицијата известуваат дека во рамки на акцијата „серија“, се откриени уште два случаи на недозволени дејствија на албански државјани, кои, како и македонскиот, пристигнале со траект од Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.