Лажни се дојавите за бомби кои пристигнале во 12 училишта и на скопскиот аеродром.

МВР информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

-Меѓународниот Аеродром Скопје денеска преку електронска пошта доби закана за поставена експлозивна направа и случајот веднаш го пријавивме во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР еднаш ги презедоа сите неопходни мерки и проверки, и утврдија дека заканата е лажна, соопштуваат од ТАВ Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.