Кризниот штаб на Општина Неготино побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација, ова е заклучокот од вечерашниот состанок на Штабот.

Пожарот на планината Серта е се уште активен, битката со огнот продолжува и утре. И покрај натчовечките напори вложени во гаснењето на пожарот на планината Серта од страна на сите учесници и дејствувањето од воздух и од земја, сепак пожарот не е ставен под контрола и се уште е активен, било констатирано на состанокот.

Надлежните како причина за тешкотиите при гаснењето ги навеле непристапниот терен, густата вегетација, високите температури и ветерот кој често го менува правецот.

На вечерашниот состанок на Кризниот штаб на општина Неготино, заклучено било активностите за гаснење пожар од воздух и земја и со расположливите ресурси, да продолжат утре во раните утрински часови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.