Skip to main content

Кризен штаб во Владата поради пожарите

Во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседатева премиерот Христијан Мицкоски, кој како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, заради состојбата со пожарите, нема да присуствува на партиската трибина во Куманово, закажана во 19:30 часот.

Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.  

Како што информираше на прес-конференција владината портпаролка Марија Митева, тоа на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел справување со пожарите и заштита на населението.

Владата, исто така, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Воедно се апелира до граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани.

Поврзани вести