Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.