Едно лице е полесно повредено во сообраќајка на влезот на Делчево. До несреќата дошло откако се судриле патничко возило и мопед, по што интервенирала Итната медицинска помош.

Во телефонски разговор со дежурните од службата, повреденото лице се пожалило на болки во нозете, поради што со возило на Итната медицинска помош е на пат кон најблискиот клинички центар во Штип.

Сообраќајна полиција го регулира сообраќајот на магистралата А3 на раскрсницата кај бензинската пумпа Дади Компани, каде се случи сообраќајната несреќа.

Од полицијата повеќе детали најавија за во текот на вечерните часови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.