Поднесена е кривична пријава од страна на СВР Скопје, против двајца скопјани, Н.С., на возраст од 32 години и М.И., на возраст од 52 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 02.08.2023, М.И. со нож му нанел убодна рана на И.С., на возраст од 28 години, по што Н.С. со огнено оружје пукал кон второпријавениот и кон малолетник и им нанел прострелни рани, се појаснува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.