Кај Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп.

Вчера во 9:42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп – се наведува во полицискиот билтен.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.