Влада која е што е континуитет на петгодишното разорување на македонската демократија, влада која што нема никаков легитимитет, кредибилитет и авторитет да ја води државата. Влада која што е континуитет на неспособноста криминалот и корупција, ова е влада која што двојно го зголеми долгот. Ова е влада која што го понижува македонскиот народ на секој чекор, дозволува мешање во внатрешните работи од страна на соседните држави и повеќе се грижи за туѓите интереси отколку за домашните интереси и што мислат македонските граѓани, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.
Ковачки упати прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кој како што рече е најскандалозно министерство, посочувајќи дека пред три месеци полициско лице кое всушност е обезбедување на министерот Фатмир Бесими предизвикал сообраќајка во центарот на градот и го загрозил животот и на двајцата министри Бесими и Крешник, како и животот на граѓаните.
Ќе поставам само едно прашање до министерот за внатрешни работи. Станува збор за најскандалозното министерство во владата кое што секојдневно се случуваат скандали. На 8 февруари оваа година се случи сообраќајна несреќа во центарот на Скопје во која што учествуваше владино возило, двајца министри Фатмир Бесими и Крешник Бектеши. Тоа возило е управувано од полициски службеник нели на министерот за финансии му следува физичко обезбедување по закон. Моето прашање е следно што е преземено од тогаш до денес во овие три месеци, дали е преземено нешто и дали е дозволиво овластено службено лице кое што е полициски службеник кој што прв треба да се грижи за безбедноста, јавниот ред во државата, тие правила да ги крши и со дивјаштвото кршејќи ја вертикалната и хоризонтална сигнализација, брзајќи некаде да направи проблем и да го доведе во прашање животот на двајцата министри и граѓани, потенцираше Ковачки.
Ковачки праша дали истото лице е суспендирано и дали е поведена постапка против него, нагласувајќи дека е недозволиво службено овластено лице кое што прв треба да се грижи за безбедноста и јавниот ред во државата да ги крши правила да дивее по градот.
Моето прашање е дали тоа лице е суспендирано односно дали е поведена постапка и доколку е поведена кој е резултатот односно исходот од таа дисциплинска постапка, праша Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.