Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје, каде како изведувач на градежни работи е правно лице од Скопје.

Како што соопштија од МВР, при контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.