Го негирам делото за кое се товарам и убеден сум дека ќе дојде момент кога ќе се утврди состојбата, истакна во својот исказ Бојан Јовановски.

Пресудата на Рекет беше донесена по исказот на Камчев, која е невистинит и лажен. Ние сме осудени а кримималците слободно шетаат на улица. Точно е дека се знаеме повеќе од 20 години, но и кога бев дете, важеше за лице со криминални активности. Неколку пати беше во бегство, па како ќе се договораше со политичарите и така се враќаше, започна Боки.

Тој објасни дека Кичеец го викнал да се сретнат со Камчев во ресторанот „Сушико“ на барање на бизнисменот.

На Кичеец му реков дека со таква гнида не сакам да се среќавам. Улогата на Кичеец е повеќе од јасна и тој беше оперативецот на Камчев. Се сретнавме во „Сушико“ и разговаравме за рекламирање во телефизијата. Ме испитуваше перфидно дали има некакви истраги против него. Тогаш ми кажа дека преку бугарски пријатели на Заев, се мисли на Борисов и негов советник, дека ќе ги среди сите работи бидејќи знае како треба оти е бизнисмен, откри детали Бојан од средбите со Заев.

Шефе, ја со Зоки завршив работа – ги цитира Бојан зборовите на Камчев.

По тоа следуваше интервјуто на Камчев во кое за Заев вели дека е најдобриот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.