Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога вчера го приведоа А.М. (37) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, при претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана.

Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка притвор од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.