Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел ниту пребори пари кои наводно му ги дал Орце Камчев. Тој објасни дека клучниот ден како и многупати досега бил во домот на Камчев заедно со Кичеец но оти пари ниту видел ниту зел
Претходно Кичеец дојде кај мене дома и ми побара пари кои наводно треба да му ги позајми на Камчев. Парите беа во “Космо” кеса. На средбата кај Камчев не се случуваше ништо невообичаено и во еден момент Камчев и Кичеец се тргнаа во друга просторија. На излегување Кичеец носеше Луј Витон торба а што имало внатре не знам бидејќи не прашав а и многупати пред тоа Камчев му даваше слични работи на Кичеец. Тужителот мене ме доведе до заблуда и ме злоупотреби. Затоа Камчев парите треба да ги бара кај оние што му ветувале нешто и кај обвинителката Русковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.