Миле Јанакиески во денешните завршни зборови побара ослободителна пресуда за случајот „ТНТ“ бидејќи смета дека нема вина и оти постапувал согласно законот. Тој пред судот тврдеше дека не постои ниту еден документ дека учестувал или пак дека имал надлежност да учестува во рушење на објектот „Космос“.

Тој ги напомена одлуките на речиси сите судови во Македонија но и на Судот во Стразбур дека инвестирот е одбиен за надомест на штета.

Значи не Миле, не Еленко,  ne Дангов туку сите нивоa на судови пресудиле дека нема штета и нема основа да се исплати штета на Фијат Цаноски-истакна Јанакиески.

Јанакиески подетално се осврна на фактот дека и самиот Цаноски истакнал дека бара политичко а не правно решавање на неговиот проблем.

Фијат барал полтичко решение свесен за својот пропуст кој е потврден со пресуди од 36 инстанци на судската власт-додаде Јанакиески.

Jaнакиески наведе дека реномирани професори и експерти излегоа со став дека овој случај е застарен , вклучително и актуелниот министер за правда Тупанчевски.

Согласно неговото мислење неопходна е одбивателна пресуд од причина што кривичното гонење не може да се превзема поради застареност за кривичното дело од член 353 ст 3 од КЗ кое ми се става на товар-вели Јанакиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.