47-годишен Србин вчера си пресудил со бомба, откако претходно ја претепал неговата девојка и мајка ѝ кои според српскиот портал Нова.рс, се здобиле со тешки повреди.

Соседите на Гордана и Драгица П, ќерка и мајка во чија куќа во Вршац Душан С.во раните утрински часови активирал рачна бомба и починал од повредите на лице место, велат дека слушнале експлозија и прво помислиле дека е судир. Кога излегле надвор ги виделе Гордана и Драгица со раскрвавени глави.

На експлозијата ѝ претходела жестока расправија при што Душан С. се качил на првиот кат од куќата и ја активирал бомбата.

Ја слушнав Гордана како вика помош и полиција. Потоа се слушна тресок и сите излеговме на улица, рече една вознемирена сосетка која објаснува дека никогаш порано не слушнала расправии во оваа куќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.