По насоки на јавен обвинител, увид на лице место извршија увидни екипи на МВР, се постапува за утврдување на причините за несреќата и другите околности на настанот. Ова го изјавија денеска за МИА, од Јавното обвинителство, по синоќешната сообраќајка во која имаше повредени мигранти. Како што веќе информираше МВР, синоќа во 18.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат М-1, во близина на клучка за село Марвинци, валандовско, товарно возило „сканија“ со приколка, со скопски регистерски ознаки, излетало од патот.

Возачот се дал во бегство, а на лице место биле пронајдени 49 мигранти, кои според нивно кажување биле од Сирија. Во несреќата едно лице мигрант се здобило со тешки телесни повреди, а 34 се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медициските центри во Гевгелија и Струмица.

Останатите лица мигранти биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.