Вчера во 02.50 часот во Куманово на бул.„Трета македонска ударна бригада“ малолетник од Куманово, управувајќи мопед „џилера“ со кумановски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.