Влезната врата и натписот „Ванчо Михајлов“ од Бугарскиот клуб на улица Рузвелтова во Битола Изгорени се. Внатре не е нанесена штета.

Љупчо Ѓоргиевски, претседателот на Културниот центар „Иван Михајлов“, вели дека пожарот е подметнат рано утрово во пет часот и дека соседите повикале пожарна и бил изгаснат, па не се проширил врз други делови од објектот.

Полицијата утрово извршила увид, но засега нема официјална информација за причините. „СДК“ неофицијално дознава дека има снимка на која се гледа потпалувачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.