Изгореа автомобил, трактор, гаража и шупа во Камендол, росоманско. Очевидци, за МИА велат дека пожарникарите спречиле поголеми штети.

Од Територијалната противпожарна единица за МИА изјавија дека интервенирале со пет пожарникари и две противпожарни возила и пожарот е ставен под контрола.

Подоцна во текот на денешниот ден, пожар избил и на ресавски пат, каде гореле сува трева и борови дрвја. И таму пожарот бил ставен под контрола.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.