Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во ОЈО Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два- три месеци.

Како што информира на брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата кои се измамени и тоа во следниот период ќе биде завршено.

Во однос на безбедносните мерки против обвинетиот, од ОЈО Скопје велат дека има одземени патни исправи и депонирана гаранција од еден милион евра пред Судот дека нема да бега до завршување на постапката.

Сега за сега со овие мерки сметаме дека тоа е доволно за да се обезбеди присуство на обвинетиот – посочуваат од ОЈО Скопје.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за измама на пациенти, откако по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со корона вирусот од 2020 до 2022 година.

Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација –  соопштија тогаш од Јавното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.