Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување, пишува ИРЛ.
Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за да побара правда за себе и да спречи насилникот повторно да нападне.
Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста.
Физички нападната жена, сексуално вознемирувана девојка, претепана сопруга – ова е македонската реалност отсликана во секојдневието на полицискиот билтен. Почетокот на годинава покажува дека полицијата бележела пријави од малтретирани девојки, но без исход дали насилниците се фатени и казнети.
Последен во низата настани кои што ја вознемирија јавноста е кога пред две недели таксист сексуално нападна 19 годишна студентка од Кичево. Тинејџерката случајот го пријави во полиција. Но наместо брза интервенција, таа уште три пати во полициска станица раскажуваше што ѝ се случувало. И додека униформираните полицајци утврдуваа дали тинејџерката е жртва, таксистот избега и не е во земјава. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста, стои во текстот на ИРЛ кој може во целост да го прочитате ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.