Полицијата од албанскиот град Корча приведе три лица осомничени за кражба во црквата „Свети Василиј” во општина Пустец, Мала Преспа.

Според полицијата, уапсени се Р.Л.(22), К.А.(25) и И.П. (69) жители на селото Полени, општина Малиќ, кои во меѓусебна соработка украле одредена сума пари од црквата во Леска.

Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд Корча за понатамошна постапка.

Според отец Алексo Темелко, црквата била цел на крадци дури десетпати и ова е прв расветлен случај.

– Последната кражба беше пет дена. Крадците не можејќи да влезат низ вратите, насилно, со оштетување на покривот и таванот на црквата влегле, предизвикувајќи голема штета. Ова беше 10-ти пат како се краде црквата „Свети Василиj“ во село Лескa. За жал, крадците до сега не беа откриени, вели отец Темелко.

Покрај Леска, каде има околу 350 жители, општина Пустец ја сочинуваат и селата Глобочани, Горна Горица, Долна Горица, Зрновско, Пустец, Туминец, Шулин и Церје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.