Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12.06.2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка на подрачјето на Карпош забележале дека има гребаница на лицето, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала. Се работи на расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.