Лажни се денешните дојави за бомби во 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп, соопшти МВР по направените проверки.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Дојава бомба школо

На електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска беа упатени закани за поставени експлозивни направи.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.