Во повеќе градови во Србија и ЕУ во тек се апсења на осомничени за лажни дојави за бомби во училишта и други институции во Србија. Три лица се веќе уапсени во Србија и едно во Чешка, објави РТС.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на повеќе локации во Србија во тек се апсења на осомничени за дојави за поставени бомби.

Дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград зачестија во последниот месец. Дојави добиле и градинките, кои се покажале дека се лажни.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со честите дојави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.

Министерството во вчерашното соопштение наведува дека интензивно соработува со сите надлежни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на ИП адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.