Ај престигни го оној камион, и да се судриме, нè боли к*р. Ова се зборовите кои се слушаат во видеото на двајца малолетници кои со автомобил се тркале околу Нова Градишка, Хрватска, го претекнале камионот пред нив, а потоа удриле во бетонски столб. Видеото од судирот е објавено на социјалните мрежи.

Несреќата се случила во петокот околу три часот наутро, а од хрватската полиција велат дека поради неприлагодена брзина, додека сопирале се удриле од работ на пешачки остров, го прелетале и се забиле во столбот, кој сега е распарчен.

Возачот бил 17-годишник, се разбира, без возачка дозвола, не носел појас и е тешко повреден со фрактура на клучната коска. Неговиот совозач, 16-годишнен пријател, исто така не бил врзан и е тешко повреден.

И против двајцата е поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.