Вчера во 15:35 часот во СВР Тетово било пријавено дека две малолетни лица од Скопје се наоѓале во објект кај ски-лифтот на Попова Шапка и поради густата магла и силен ветер не биле во можност да слезат.

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка во содејство со ратрак излегле на местото и околу 16.20 часот малолетниците биле пронајдени, прифатени и доведени до центарот на локалитетот во добра здраствена состојба, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.