Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на 22.01., околу 10 часот и 30 минути го лишиле од слобода И.Р.(44) од гостиварското село Градец.

Според пријавеното тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрво со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило, по што со запалка се обидел да го запали возилото. Според пријавеното, исто така, И.Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Од СВР Тетово велат дека извршен е комплетен увид, осомничениот е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.