Во СВР Велес вчера во 13:30 часот било пријавено дека на автопат А1 во правец Велес – Скопје, кај место викано „Пуста кула“ настанал пожар во патничко возило во движење „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 31=годишниот С.В. од Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијална противпожарна единица од Велес. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот, појасни Ѓаковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.